Со цел да се даде поддршка на младите модни дизајнери и да се збогати уметничката позадина на нашата заедница, на настанот Fashion & Lifestyle Expo 2019 за прв пат ќе се организира натпревар за млади модни дизајнери.

Натпреварот е отворен за сите модни дизајнери на возраст од 18 до 30 години кои се или пак биле студенти на било кој факултет/академија/институт или организација/тренинг центар каде се изучува модниот дизајн. Аплицирањето е бесплатно.

Бидејќи веруваме во квалитетот на младите и перспективни, домашни модни
дизајнери – им задаваме едноставен моден предизвик, а најдобрите 10 ќе
добијат прилика:

* Својот дизајн да го изложат во фоајето на Македонската Опера и Балет,
во склоп на настанот Fashion & Lifestyle Expo;
* Да го претстават својот дизајн на ексклузивна модна ревија на
пред-отворањето на настанот, додека,
* Најдобрите тројца ќе освојат и вредни парични награди и тоа: парична
награда од 1.000 ЕУР за првонаградениот, и парични награди од по 500 ЕУР за второ и
трето наградениот дизајн!

Апликациите се отворени од 29.01.2019 а траат до 11.02.2019.

Прочитајте повеќе за натпреварот: >>> https://bit.ly/2B3s8vB

Натпреварот е спонзориран од Korea Auto Trade а организиран во соработка со Моментум Инк.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаоми ја покажа новата фризура: кратки, навиткани руси кадрици!
Следна објаваКаролина Гочева доби награда Најдобра етно нумера на MAC
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР