Дејвид Боуви е прогласен за најголем музичар на 20 век, а оваа одлука беше донесена од британската јавност преку анкета спроведена за програмата BBC Icons, која се фокусираше на некои од најистакнатите имиња од минатиот век.
Тој беше избран пред Чарли Чаплин, Били Холидеј и Мерилин Монро како победник во категоријата Entertainers.

Крајната цел на емисијата беше граѓаните преку гласање да ја изберат “најголема” личност од 20 век. Покрај музичарите, во емисијата исто така се избра личност од минатиот век меѓу социјалните активисти, спортските ѕвезди, уметниците, политичарите и научниците.

Меѓу другите победници, се најдоа математичарот и компјутерскиот експерт Алан Тјуринг, истражувачот Ернест Шаклтон и борецот против расизмот Нелсон Мандела.

Конечнато прогласувањето на највлијателната личност на 20-тиот век од страна на публиката ќе биде објавено на 5-ти февруари.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваLouis Vuitton jа претстави новата кампања за сезоната пролет / лето 2019!
Следна објаваIsabel Marant – Кампања пролет/лето 2019 година!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР