Цената е клучот на секое реновирање, па дури и за најмалиот простор во вашиот дом …

Погледнете ја галеријата на мали купатила кои можат да ви послужат како инспирација.

Доколку планирате да го реновирате малoто купатило, треба мудро да ја пресметате количината на пари кои ви се потребни. Ако сакате да ги намалите трошоците, тогаш мора да ја вклучите креативноста преку проекти кои ќе ги правите сами.

Еве ги основните работи што можете да ги примените за реновирање на малото купатило, со цел да го направите просторот поубав и функционален на поевтин начин.

Најевтиниот начин да го освежите вашето купатило е да ги смените аксесоарите кои ги користите. Направете го тоа со додавање на нови детали, пешкири, замена на стазата или тепихот во купатилото, комбинирајте ги со боите на завесите на тушот и тоа ќе биде сосема доволна промена, која ќе го персонализира вашето купатило.

Сменете ги посудите за сапун и држачите за четките за заби. Ставете нови завеси на прозорецот или сменете го осветлувањето во вашето купатило. Овие мали детали значително можат да влијаат врз изгледот на вашето купатило.

Комбинациите на бои се во можност да го прошират просторот што недостасува во малото купатило. Можете да ја комбинирате белата и светло сината или зелената, за да создадете убав и свеж амбиент.


Исто така, можете да ја промените позадината во вашата бања. Користете огледала кои ќе го зголемат просторот, користете шаблони на ѕидовите и комбинирајте ги со неутрални бои. Изберете светли бои за бањата, особено ако е со мала квадратура.

Освен тоа, користете држач на лавабото во светла боја, бидејќи тоа исто така може да го намали малиот простор. Поставете овално огледало на ѕидот, со што ќе формирате централна точка во тој простор.

Типичен отворен простор за складирање, секогаш е добра опција за вашатето мало купатило да изгледа пошироко. Исто така можете да ги користите sидните полици кои се монтираат.

Доколку менувате санитарија и кабинети во купатилото, ве советуваме да изберете туш или мала када. Купете лавабо со кабинет, бидејќи тој простор можете да го користите за складирање на пешкири и друга галантерија.

СПОДЕЛИ
Претходна објава`Големата мајка`-најпочитуваниот култ од пероидот на Неолитот
Следна објаваЛакирани чизми за моден изглед со стил!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР