Културниот центар Интерарт и Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија Ве покануваат на премиерата на мултимедијалниот перформанс „Волшебен свет“, дел од Инкубатор деновите на младинска културна сцена, кои Интерарт ги реализира со поддршка од Министерството за култура.

Перформансот е во продукција на младите уметници кои беа дел од вториот циклус на Инкубатор програмата за култура и ќе се одржи во недела, 16. Декември 2018 година со почеток од 18:00 часот на големата сцена на Македонскиот Народен Театар.

На настанот свое обраќање ќе имаат:

  • Рисима Рисимкин, уметнички директор на проектот
  • H.E. Sybille Suter Tejada, Амбасадор на Швајцарија во Македонија

Современ танц, музика и визуелни уметности во поинаков, модерен и младински контекст.

Ќе ни претставува задоволство заеднички да ја споделиме оваа приказна.

Ве очекуваме!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСовршен спој на уметност и кафе!
Следна објаваПијанистот Арчиули ќе одржи концерт во рамките на зимската програма фестивалот „Охридско лето“
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР