Почитувани претставници на медиумите и соработници,
Локомотива- Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата од
Скопје во рамките на програмата „УМЕТНОСТ ПОЛИТИКА ИНСТИТУЦИЈА ТЕЛО“
организира 2-дневен настан во Кино Култура и тоа:
– работилница на тема  “Себе-изведувањето и изгледите за
трансиндивидуалност” со Ана Вујановиќ и
– предавање на тема “Индивидуалистички начини на себе-изведување” со Ана
Вујановиќ и Бојана Цвејиќ.

Вторник 11.12.2018, од 16-19 часот,  во Кино Култура

Работилница на тема “Себе-изведувањето и изгледите за
трансиндивидуалност” со Ана Вујановиќ,
Модератор на работилницата ќе биде Славчо Димитров, теоретичар во
културата

“На оваа работилница предлагам да се разговара за некои од основните
методолошки и политички постулати на себе-изведувањето во неолибералното
капиталистичко општество на 21 век, кои се засноваат врз, а сепак, ја
надминуваат културата на нарцисизмот и култот на „себе“, на претходниот
век. Бидејќи оваа анализа ги користи алатките што произлегуваат од
студиите за изведба и изведувачките уметности, ќе зборувам за методот на
социјална драматургија, за разликата помеѓу акцијата и перформансот,
како и за концептот на Ричард Шекнер на „изведување“ како различно од
„правење“. Во вториот дел од работилницата, ќе се посветиме на читање на
есејот на Џејсон Рид на тема “Производството на субјективноста: од
трансиндивидуалност кон комонс”, што дава основа за еден вид на
себе-изведување што не е засновано на индивидуализмот, туку на премисите
на трансиндивидуалност.

Среда 12.12.2018, 19 часот, во Кино Култура

Предавање на тема “Индивидуалистички начини на себе-изведување” со Ана
Вујановиќ и Бојана Цвејиќ.
Во двојно предавање ќе ги разгледаме доминатните модели на
себе-изведување во рамки на современата продукција на субјективиност во
пост-Фордистичките капиталистички општества. Овие модели се посесивен
индивидуализам и естетски индивидуализам. Сметаме дека тековната
продукција на субјективиност, како доминантно индивидуалистичка, го зема
поединецот, веќе примарно индивидуализиран ентитет, како нејзина
централна окупација. Наша поддржувачка хипотеза е дека овој светоглед –
кој веќе демонстрирал различни недостатоци во општествената реалност –
се базира на главна епистемолошка и политичка грешка, бидејќи го зема
поединецот “здраво за готово”, притоа занемерувајќи го целиот комплексен
процес на индивидуализација што претходи. Нашиот критички пристап кон
доминантните начини на себе-изведување е заснован на процесот на
индивидуализација, а не на индивидуалистичката идеологија.
“Посесивниот индивидуализам” е една од заедничките критички поими за
опишување на модерното капиталистичко општество од 1960-тите па наваму.
Неговиот суштински концепт – најпрво артикулиран од канадскиот политичар
Ц. Б. МакФерсон – е дека- човечкото суштество е поединец кој поседува
своја личност и капацитети, за кои ништо не му должи на општеството и е
ослободен од зависност од вољата на другите. Така, „посесивниот
индивидуализам“ претпоставува, но не е првенствено фокусиран на
поседување на материјални добра, туку на себе-поседување, на сопственото
тело, капацитети, креативност, труд, од каде што следи приватната
сопственост на стоки и работи, која произлегува како резултат.
Во овој говор сакаме да се фокусираме на процесот на себе-изведување во
денешното општество поврзувајќи го со одредени аспекти на посесивниот
индивидуализам, како ги интегрира, зајакнува или ги оспорува. Нашата
критична леќа е под влијание на феминистички увид во нееднаквата
општествена распределба на поседување и самопоседување меѓу мажите и
жените, покажувајќи дека изведувањето на себе денес е експресивен, не
повеќе посесивен индивидуализам, но со општо одземање на себе.
“Естетски индивидуализам”: Барајќи начини на себе-изведување во
сегашното капиталистичко општество, постојано се сопнуваме на уметноста.
Поединецот во фигурата на уметникот, вредноста на автономијата,
перформативните техники на само-дотерување, самоизразување,
олицетворение и сензорни/афективни искуства, уметничкиот интензитет на
искуство – сите овие елементи се гест кон авторитетот на уметноста, а во
последно време, особено во танцот, во естетски начини на само-разбирање.
Додавајќи ги на ова, новите дигитални технологии и платформи за
социјални медиуми, во кои предметите ја произведуваат сликата за себе и
ги обликуваат своите животи во естетски израз, и предикаменитите од
крајот на 1960-тите до раните 1970-ти дека “секој е уметник” и дека “во
иднина , сите ќе бидат светски познати 15 минути “се кристализираат.
Овој дел од разговорот ќе се фокусира на “естетскиот индивидуализам”,
термин за опишување на нови игри на вистината и телесни техники од
танцот и перформансот за моделите на субјективизција во искуство на
еконимијата.

Програмата се реализира со поддршка на Министерство за култура на РМ и
Општина Центар.
Куратор на програмата е Биљана Тануровска Ќулавковски, Елена Ристеска е
асистент куратор, а Виолета Качакова е проект менаџер.

СПОДЕЛИ
Претходна објава“Aurora Borealis” и “Aurora Australis” – магија на природата!
Следна објаваИнкубатор денови на младинска уметничка култура
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР