Како резутат на темелната соработка меѓу Археолошкиот Музеј на Македонија и Центарот за истражување на предисторијата на 12 декември во 9.00h во истоимениот музеј ќе се одржи четвртата по ред конференција посветена на предисторијата на Македонија насловена како ,,Неолитот во Македонија”.

Поводот за овој научен собир ќе се одржи во чест на нашиот реномиран археолог Воислав Санев кој со својата истражувачка работа даде огромен допринос за археологијата во нашата земја. Во текот на конференцијата на публиката ќе бидат презентирани 15 реферати од страна на странски научници кои во своето излагање ќе се осврнат на неолитското културно наследство на Македонија. На собирот ќе биде презентиран и зборникот на трудови ,,Neolithic in Macedonia”-challenges for new discoveries.

На 13 декември во(10:00) предавање ќе одржи еден од најреноминираните грчки предисторичари, професорот Костас Котсакис кој ќе говори на темата „New Light on the Earliest Neolithic in Greece and the Expansion of Agriculture in Europe“.

Проектот е подржан од Министерството на Култура на Македонија. За сите заинтересирани посетители ова е распоредот на настани на конференцијата …

12.12.2018
Археолошки музеј на Македонија09:00 – 09:20
Поздравна реч на Центарот за истражување на предисторијата
Воведно обраќање на Горан Санев, директор на Археолошки музеј на Македонија09:20 – 09:40
Елеонора Петрова Митевска
(Управа за заштита на културно наследство)
ПОЧЕТОЦИТЕ НА ИСТРАЖУВАЊАТА НА НЕОЛИТОТ ВО МАКЕДОНИЈА09:40 – 10:00
Ирена Колиштркоска Настева
(Археолошки музеј на Македонија)
ОД СОРАБОТКАТА СО ВОИСЛАВ САНЕВ: ДОКУМЕНТАЦИЈА ОД ЛОКАЛИТЕТОТ ТУМБА МАЏАРИ10:00 – 10:20
Паско Кузман
(Завод и музеј – Охрид)
ОД ЗЛАСТРАНА ДО ПЕНЕЛОПА: НЕОЛИТСКИ ЛОКАЛИТЕТИ ВО ОХРИДСКИОТ РЕГИОН (III)

– дискусија и пауза –
10:40 – 11:00
Малгоржата Гребска Кулов
(Регионален историски музеј-Благоевград)
КУЛТУРНАТА ТРАДИЦИЈА БЛГАРЧЕВО II-ДОЛНА РИБНИЦА ВО ЈУГОЗАПАДНА БУГАРИЈА

11:00 – 11:20
Зоран Рујак, Петар Зидаров и Елена Канзурова Стојанова
(Завод и музеј-Струмица, Нов бугарски универзитет, Археолошки музеј на Македонија)
АНГЕЛЦИ, КОСТУРИНО И ДАМЈАН: ГЕОМАГНЕТНА ПРОСПЕКЦИЈА НА ТРИ НЕОЛИТСКИ
НАСЕЛБИ ВО ЈУГОИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА

11:20 – 11:40
Иван Станчевски и Игор Ширтовски
(Археолошки музеј на Македонија, Управа за заштита на културно наследство)
ПРАИСТОРИСКА НАСЕЛБА ЛИВАДСКА ТУМБА, С. МУСТАФИНО, СВЕТИ НИКОЛЕ

12:00 – 12:20
Љубо Фиданоски
(Музеј на град Скопје)
УНИКАТИ ИЛИ ИМПОРТИ ВО КОЛЕКЦИЈАТА ОД ЦЕРЈЕ – ГОВРЛЕВО

– дискусија и пауза –

13:00 – 13:20
Љубо Фиданоски и Гоце Наумов
(Центар за истражување на предисторијата)
Промоција на зборникот „НЕОЛИТОТ ВО МАКЕДОНИЈА: ПРЕДИЗВИЦИ ЗА НОВИ ОТКРИТИЈА“ и презентација на активностите на ЦИП во 2018 година

13:20 – 13:40
Гоце Наумов, Александар Миткоски и Христијан Талевски
(Музеј на Македонија, Завод и музеј-Прилеп и Институт за старословенска култура)
ИСТРАЖУВАЊЕ НА ЛОКАЛИТЕТОТ ВРБЈАНСКА ЧУКА ВО 2018 ГОДИНА

13:40 – 14:00
Дарко Стојановски, Џули Дан, Гоце Наумов, Ричард Евершед и Софија Стефановиќ
(Инситут Биосенс, Универзитет во Бристол и Музеј на Македонија)
КЕРАМИКА, ЛИПИДИ И ИЗОТОПИ: УВИД ВО НЕОЛИТСКАТА КУЈНА НА ВРБЈАНСКА ЧУКА

14:00 – 14:20
Николо Маѕуко, Хуан Хибаха, Гоце Наумов и Љубо Фиданоски
(Шпански национален совет за истражување и Центар за истражување на предисторијата)
СТАРИ СЈАЈНИ КАМЕЊА: ПРВИТЕ НЕОЛИТСКИ ТЕХНОЛОГИИ ЗА ЖНЕЕЊЕ ВО РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

– дискусија –

14:40 – 15:00
Весна Димитријевиќ, Гоце Наумов, Љубо Фиданоски и Софија Стефановиќ
(Универзитет во Белград, Центар за истражување на предисторијата, Музеј на град Скопје и Институт Биосенс)
УКРАСНИ ПРЕДМЕТИ ОД ШКОЛКИТЕ НА МОРСКИТЕ МЕКОТЕЛИ ВО НЕОЛИТОТ НА
МАКЕДОНИЈА

15:00 – 15:20
Драган Даутовски
(Факултет за музичка култура)
ПРЕДИСТОРИСКИ ЗВУЧНИ АРТЕФАКТИ ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

15:20 – 15:40
Никос Чаусидис
(Филозофски факултет)
ЕТНОГРАФСКИ ПРЕДЛОШКИ ВО ТОЛКУВАЊЕТО НА АРХОЛОШКИТЕ НАОДИ ОД НЕОЛИТСКИОТ И ПОДОЦНЕЖНИТЕ ПРАИСТОРИСКИ ПЕРИОДИ

15:40 – 16:00
Марина Спирова
(Археолошки музеј на Македонија)
ОСТАТОЦИ ОД ДОЦНОНЕОЛИТСКИТЕ ТРАДИЦИИ ВО КЕРАМИКАТА ОД РАНИОТ ЕНЕОЛИТ ВО
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

– дискусија –

13.12.2018
Археолошки музеј на Македонија

10:00 – 11:00
Предавање на Костас Котсакис
(Универзитет Аристотел во Солун)
НОВО СВЕТЛО ВРЗ НАЈРАНИОТ НЕОЛИТ ВО ГРЦИЈА И ШИРЕЊЕТО НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ВО
ЕВРОПА

11:30 – 13:30
Посета на археолошкиот локалитет и музеј на отворено Тумба – Маџари

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИнтересни комбинации на мебел!
Следна објаваСкопје Сити Мол и Алпско те носат на кампот на „кралевите“
Art will remain the most astonishing activity of mankind born out of struggle between wisdom and madness between dream and reality in our mind!! Со повеќе од солидни познавања на класичната уметност и со исклучителнo познавање на француската мода и стил на живеење, Маја ја презентрира убавината на уметноста во посебните мигови на секојдневието, нагласувајќи го акцентот на идиличните егзотични патувања. Формалната цел на убавината е страста на љубовта; (нејзина омилена изрека).

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР