Сакаме први да ги дознаеме сите најнови трендови, особено кога станува збор за дизајнот на ентериерите.

Што ги очекува нашите домови во 2019 година? Кои неочекувани трикови мораме да ги користиме за да го направиме нашиот дом да изгледа како од најдобри списанија за внатрешен дизајн?

Divianaerts ги има одговорите!

Максимализам
Во последниве години, целиот свет им се восхитува на генијалноста на скандинавските дизајнери на ентериери. Точно, минимализмот во чиста форма не е толку чест. Денес, домовите на луѓето се полни со мали нешта и сувенири, подароци од пријатели … Сега, за да бидете модерни, не треба да се ослободите од нив, бидејќи сега максимализмот ќе биде на цена.

Едноставни бои
Ајде да се вратиме неколку години назад и да се потсетиме на најпопуларните бои во дизајнот на ентериерот. Во 2017 година, пастелни нијанси владееја со светот, 2018 – боите на скапите камења, а што не очекува во 2019 година? Едноставни бои. Што стои зад овој концепт? Длабока индиго нијанса, црвена и жолтата се во прв план.

Природни материјали
Природни материјали секогаш се ценети од дизајнерите, но сега не зборуваме за дрвото, туку за каменот. Мермерот во ентериерот не е нова вест, но овој материјал треба да се спомене во нашите предвидувања за 2019 година. Трендот на мермерните површини и декоративните елементи преовладува на Pinterest и Instagram и повторно се повторува во домовите. Затоа, Ви препорачуваме да купите маса со мермерна плоча.

Хартиени лустери
Како антоним на мермерот ви нудиме воздушести лустери од хартија. Инаку, ИКЕА, која е “виновна” за популарноста на лустериоте од хартија во текот на деведесетите години, повторно го започна своето производство, а ова е првиот знак дека овој тренд ќе стане “вирусен” до 2019 година.

Букле ткаенини
Интересните текстури се секогаш модерни! Ако текстурата на ткаенината на мебел е комплицирана, тогаш другите декоративни елементи мора да бидат едноставни, затоа бидете внимателни. Минатата сезона, вештачкото крзно беше модерно, а денес во мода се елегантните решенија. Зборуваме за букле ткаенина. Ќе бидете одушевени со оваа благо-груба текстура.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДомашни канцеларии -внесете топла атмосфера во својот работен простор!
Следна објаваФантастична колекција на Valentino за пролет/лето 2019 година!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР