Самото појавувањето на работа секој ден, не ја гарантира вашата продуктивност …

Чувството на комоција и среќа во работните простори е подеднакво важно како и да имате соодветна опрема за да ги завршите секојдневните задачи. Ако работите од дома, вашиот канцелариски декор добива уште повеќе на значение, посебно заради сите задачи кои е поребно предходно да се направат и да се чувствувате инспирирани цело време.

Не грижете се, во следните неколку примери, ќе видите на кој начин можете да ја креирате домашна канцеларија која делува гостопримливо и целосно инспиративно во исто време.

Големи прозорци
Она што е потребно во домашната канцеларија се големи прозорци или прозорец, затоа што, пред сè, вистинската количина на природна светлина за време на работата може да го зголеми вашето расположение. Поставете ја вашата маса пред прозорецот и уживајте во погледот кој го имате. Ако вашите прозорци обезбедуваат прекрасни погледи на околината, тие ќе ве инспирираат и ќе ви помогнат да се релаксирате кога тоа ви е потребно.

Бои и материјали
Природни бои се првиот избор во домашните канцеларии поради многу причини. Пред сè, тие визуално го прошируваат просторот, што е совршено за големи и мали домашни канцеларии, а познато е дека домашните работни простори често не се премногу великодушни во поглед на квадратите. Исто така можете да вклучите неколку неутрални и екстериерни нијанси во вашиот декор за да го направите просторот по релаксирачки, на пример, зелени и земјени тонови.

Дрвото е вашиот најдобар пријател кога станува збор за разубавување на канцеларискиот простор и неговото користење, а колку повеќе ќе го користите, вашиот амбиент ќе стане поудобен. Дрвото внесува топлина, прекрасни текстури и понекоја боја, тогаш кога ви е потребна.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИзбрани мажите на годината за 2018 година
Следна објаваГлавни трендови во дизајнот на ентериери за 2019 година!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР