Кадифени црвени и розеви тонови, не се најлесните бои за да се интегрираат во домот. Но, само затоа што нешто не е лесно тоа не значи дека не е изводливо. Всушност, розовата и црвената боја може да бидат неверојатно шик и енергетски дополнувања на ентериерот, само треба да знаете како да ги примените.

Не слушајте застарени совети кои ви кажуваат дека црвената и розовата не можат да бидат во хармонија, исто така не слушајте совети дека розов ѕид е само за во детска соба. Розевата боја може да биде многу софистицирана боја за декорација во домот доколку ја искористите на правилен начин. Правилната кобинација на овие навидум неспоиви бои може да го направат вашиот простор да изгледа совршено и богато.

Се што треба е да направите добра комбинација на овие две бои, да внесете свежи цвеќиња во домот и да додадете уникатни елементи препознатливи за вашиот стил.

Доколку сакате да ги додадете овие бои во вашиот дизајн, следниве идеи ќе ви покажат како точно да го направите тоа со стил.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХит: Голем зимски шал!
Следна објаваНаправи сам: Новогодишни декорации од природата!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР