Градот во кој се вкрстуваат Европа и Азија, каде архитектурата во најголемиот дел е со традиционални градби составена од камени куќи, каде големиот број трговски продавници и пазари се со автентичен изглед такви како што биле изградени уште пред многу години, токму овој град го носи епитетот ,,најшарениот град” на стариот континент.

Станува збор за прекрасната турска престолнина Истанбул. Сите кои го посетиле овој град знаат дека истиот поседува и друга страна што се однесува до архитектурата, односно има голем број на модерни градби.

Архитектот и фотограф Yeren Torun живее во Истанбул веќе 18 години. Тој со својот фотоапарат секојдневно прави прекрасни фотозаписи од модерните градби кои се одликуваат со минималистички стил, модерна геометрија и живописни бои.

Јерен вели дека кога жителите на Истанбул ќе ги погледнат неговите фотографии просто не веруваат дека се работи за нивниот град.

Навистина прекрасно, погледнете и сами!

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР