Иако трендовите се менуваат со текот на времето, изборот на боја во ентериерите, делува како многу повисока константа. Кога станува збор за поединечни простории во ентериерот, одредени бои се попопуларни од другите и тоа со добра причина. На пример, сината е прилично ладна боја и совршено се совпаѓа со речиси сите стилови и теми на дизајнот, а најпопуларна е во кујните, дневните простории и спалните соби.

За детските соби, изборот на бои станува доста комплициран. Сепак, како што велат експертите, зелените и жолти нијанси се најдобрите појдовни точки, а денес ние ќе ви ги претставиме сите предности на прекрасните зелени тонови во детските соби.

Природата го има она што другите го немаат

Природните каратеристики претставуваат предност која ја немаат другите декоративни предмети. Додавањето на зеленило во детските простории преку собни растенија, секако доаѓа како најпрогресивно решение.

Тоа не само што ќе обезбеди органски облик во собата туку ќе го поправи целокупното ниво на спокојство во него, а ќе создаде и многу поубав животен амбиент. Едноставно поставете еден вид во аголот од собата и станете сведоци на зелената боја во природен формат и нејзините можности за внесување супериорна елеганција во детскиот амбиент.

Најдобар начин за внесување на зелени тонови во оваа релаксирачка поставка е преку акцентните ѕидови. Повторувајќи ја бојата на акцентниот ѕид со помош на драперии или постелнина, помага да се создаде кохерентен изглед.

Светло зелените нијанси се попријатен избор кога се користат во малку поголема количина, но за тематските простории со тропска инспирација, потемните нијанси делуваат многу пријатно.

Ако повторното кречење на ѕидовите не е опција, тогаш едноставно со додавањето на декорирани предмети од зелена боја може да му обезбедите на просторот освежувачка трансформација. 
Плакар во собата на бебето, кауч за аголот со маслинова зелена боја или дури и кревети на спрат во богата зелена нијанса, можат да претставуваа ваш избор во рамките на буџетот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваBRIT FLOYD ДОАЃА СО ПРОДУКЦИЈА ОД МИЛИОН ДОЛАРИ!
Следна објаваШарлиз Терон во кампања за Dior – J’adore Absolu!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР