Со јубилејната колекција „Милион милји време“ на познатата дизајнерка Лидија Георгиева, вчеравечер започна осумнаесеттиот Моден викенд Скопје, за прв пат на ексклузивната локација „F.A.M.E.’S“.

По повод 20 години од создавањето на брендот Георгиева ја претстави роденденската колекција за која вели „Приказната се одвива во атмосфера на патување, целиот креативен процес и изработка се резултат на едногодишно континуирано патување низ Европа. Дел од моделите дури се работени во автомобил во движење, некаде низ континентот. Пробивањето на личните и општествените ѕидови и бариери, уживањето во неограниченоста, потрага по слободата, слобода на изразот и силното чувство на слобода кога патуваме се тема на колекцијата.“

Креациите ги содржат препознатливите елементи на изградениот стил на Георгиева – луксузни материјали, тантели, плетени дизајни, како и отпечатоци. Силуетите се раскошни, боемски и елегантни, а во некои од нив се за прв пат презентирани и дизајни од ексклузивната соработка со францускиот бренд Фејмс – колекција рачно плетени модели.

Моден викенд Скопје продолжува вечерва во „Скопје Мериот Хотел“ инаку официјална локација на осумнаесеттиот Моден викенд Скопје, со модната инсталација и перформанс од финалниот дел на проектот #sustainabestorymk. Вечерва ќе го видиме и најновите креации на дизајнерките Ирина Тошева, Теодора Митровска, Кренаре Ругова и Силвија Михајловска.

По ревиите со „Red Bull“ и „Absolut“ гостите ги носиме на журка во „Public room“ со познатиот диџеј „Gramophonedzie“.

Официјален партнер за шминка оваа сезона се „GOSH“ во соработка со Центарот за обука „Ева“.

Официјален партнер за фризурите на моделите овој пат е програмата „KEMON“ застапувана од генералниот застапник за Македонија, „Клариса Балкан“. Дерма-бјути партнер на сезоната се „Vichy“.

Официјално возило „LEXUS.EXPERIENCE AMAIZING“. На настанот ќе бидат изложени премиум хибридни возила: најновата генерација на луксузната лимузина „Lexus LS 500h“како и освежениот “Lexus NX 300h”.

Официјален парфем оваа осумнаесетта сезона е „C-THRU“ како водечки бренд, препознатлив по креативност, мода и инспирација и со задоволство Ви го претставува новиот парфем „Cosmic Aura“.

Официјална вода „Кожувчанка“. Официјалното вино на сезоната доаѓа од винаријата „Визба Валандово“. Официјална водка на сезоната е „Absolut“.

Нашите партнери „Perwoll“ повеќе од 60 години се грижат за сите видови ткаенини и порачуваат “Направете ја вашата облека повторно убава”.

www.fashionweekendskopje.mk

Проектни партнери – „МДН обезбедување“, „Anty aging center by Promoitalia“, „F.A.M.E’S“, „Flower city“ „БИСИ“. Нашите омилени ресторани се „Soul Kitchen Bar“ и „Bella Vista“.

www.fashionweekendskopje.mk

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМинималистички дуплекс со индустријски шарм во Киев!
Следна објаваПремиера на театарската претстава „Осамениот запад“ од Мартин МекДона
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР