Една од најголемите дилеми со кои се соочуваат архитектите е реновирањето на старите згради, поточно да се сочува нивниот оригинален карактер во било која мера

Секогаш кога е можно, објектите од големо историско значење мора да имаат своја историска белешка, која не треба да се одзема бидејќи автоматски го губат својот карактер. Истото е и со внатрешноста, а вистинскиот пример за тоа претставува овој стан во Киев, неодамна реновиран за млад професионалец, кој сакал да го потенцира неговиот идеален баланс помеѓу старото и новото.

Целта на 2Bgroup била употребата на оригиналниот материјал од зградата во која се наоѓа станот, за потребите на позадини кои го обликуваат и текстурно го акцентираат неговиот ентериер. Сочувани се оригинални ѕидарски работи скриени зад слоевите на  гипсот на старите дрвени споеви на гредите на таваните и ниските ѕидови на поткровјето.

Минималистичката елеганција со елегантните нијанси и чисти линии се вклопува во комплексноста на архитектонските сегменти на проектот, како што се инсталирање на нови прозорци скриени во панелите од ѕидовите на потровјето , изградба на скалила и инсталација на звучна изолација во гостинското купатило, кое се наоѓа помеѓу дневната и трпезаријата.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваOscar de la Renta венчаници за есен/зима 2019 година!
Следна објава„МИЛИОН МИЛЈИ ВРЕМЕ“ ЗА СТАРТ НА МОДЕН ВИКЕНД СКОПЈЕ
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР