Kако да го декорирате домот во белгиски стил …

Едноставно и луксузно, со мешавина од стари и нови елементи, белгискиот стил на уредување на ентериерот е уникатен.

Белгискиот декор и дизајн има квалитет кој се издвојува од конвенционалниот шик стил. Топли и неутрални нијанси, органски материјали и огромен мебел, белгискиот стил е оној, кој е богат и елегантен додека ги задржува удобноста и гостопримливоста.

Убавината на белгиската естетика е во тоа што дава многу простор за растење, играње и персонализирање. Без разлика дали барате целосно да го трансформирате просторот или едноставно да додадете неколку допири на овој стил во вашиот дом, запознајте ги главните елементи кои предизвикуваат толку многу,  да ја посакувате оваа уникатна естетика.

Топли и неутрални нијанси

Неутралните бои се дефинитивна карактеристика на белгискиот ентериер, додавајќи топлина и чувство на мир во простор.

 

Елементи од природата

Органските материјали, како природно дрво, керамика и камен, играат голема улога во белгиските дизајни.

Обемен мебел

Обемниот мебел, обично од ленени ткаенини е главен елемент на оваа естетика, но клучот е да не се користи премногу. Белгискиот ентериер е оној што ја цени удобноста која ја носи обемниот мебел.

Старото вклопете го со новото

Стариот свет се спојува со сосема нови елементи за да се создаде визуелен слоевит изглед во просторот.

Природно светло

Со оглед на тоа колку белгискиот ентериер дава акцент на елементите од природата, нормално е белгиските соби често да се преплавуваат со природна светлина.

Уредност

Не дозволувајте обемниот мебел и изобилството на слоеви да ве измамат – на нередот не му е место во белгискиот ентериер.

СПОДЕЛИ
Претходна објава8 главни трендови на фустани за есен 2018 година!
Следна објаваКамини декорирани со плочки!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР