Дизајнер на ентериери ја демонстрира уметноста на стилизирање на која било кујна …

Без разлика дали вашата кујна е линеарна, L облик, има острово или полуострово, дизајнерот Грег Натал има совршени идеи за нејзино стајлизирање, без многу мака.

“Кујната е клучно место за еден семеен дом”, вели Грег, “бидејќи тоа може да биде место каде што ќе ги примите своите гости, но исто така и место каде што ги извршувате секојдневните задачи”.

Како резултат на тоа, при стилизирање на вашата кујна, важно е внимателно да размислите за што ќе го искористите нејзиниот простор.

Ако сакате да додадете едноставна елеганција на вашиот простор, можете да го направите тоа со свежо цвеќе, овошје и зеленчук кои се убаво аранжирани. “Јас на луѓето обично им ги претставувам елегантните аранжмани, како еден вид на цвеќе во едноставна вазна која е во форма на чинија”, објаснува Грег.

“Верувам дека кујнските апарати кои се на работните површини и сите алатки што ги користите треба да бидат скриени во кујната со линеарен изглед. Кујната од било кој тип лесно станува неуредна и тешко е да се одржува и да се справи во море на кабли, кога апаратите се на сите нејзини елементи. “
Високите, празни вазни со визуелна текстура во кујната можат да ја дадат длабочината и дополнителната димензија, па затоа се наметнаа како идеална декорација. Дизајнерот, исто така, нагласува дека не треба да ја ставате вашата вазна било каде што има место за неа, затоа што тогаш вашата прекрасно стилизирана кујна ќе стане неуредна и неугледна.
Кујните во облик на полуостров, во облик L и со острови, обично имаат повеќе простор за работа кога станува збор за нивниот стил и разубавување. Како што мисли Грег, “ним им се потребни прекрасни барски столици кои го следат стилот на другите елементи, но не треба да се плашите од моделот или  текстурата.”
СПОДЕЛИ
Претходна објаваУметнички ентериер како од бајките!
Следна објаваМАКЕДОНСКАТА КОМПАНИЈА ИНТЕРТЕК ЕДИНСТВЕН ПРЕТСТАВНИК НА BITZ & PRETZELS ФЕСТИВАЛОТ ВО МИНХЕН
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР