Денес во домовите, постоењето на трпезариите како одделни простории полека  исчезнува, а пак во домовите во кои таа постои, може посебно да се аранжира во вистински есенски амбиент, кој ќе ги одушеви домашните, но и пријателите кои ќе доаѓаат на посета …

Сега ќе ви претставувиме неколку совршени идеи за декорација на трпезариите во есенскиот манир, кој ќе трае до зимската сезона. Нашите идеи не се базирани само на есенските бои, туку и на внесување природни елементи и рустична убавина.

Модерно и акцентирано со природата

Столици од ратан, ролетни од бамбус и ѕидна уметност која зеленилото од надворешниот свет го внесува во ентериерот, како и креативно распоредување на портокалови акценти со рустични декорации. Ако имате дрвени греди или можеби дрвени ѕидови, тогаш вашата задача е многу полесна. Во случај да сакате да внесете нова трпезариска маса, одберете некоја од дрво која не е финиширана со модерни бои, или некоја која има слободна ивица која е сосема уникатна.

Посветете внимание на деталите( портокалова боја)
Портокалов прибор за јадење, чаршави за маса, како и други додатоци, секогаш ќе бидат популарни во есенскиот период. Ако сте вистински љубител на оваа сезона, внесете неколку декоритивни тикви, свеќи и ситници, за да создадете вистински топол и удобен амбиент. 

Во случај да ви е досадена портокаловата боја, обидете се да комбинирате тегет нијанси со деликатни метални тонови.

Чекор понатаму од современиот изглед
Ако монотонијата на модерните трпезарии почнува полека да ве иритира, дадете и на есенската сезона шанса да ви биде сојузник во креирање на сосема поинаков амбиент. Ви препорачуваме да се обидете со додавање на некои рустички елементи, бидејќи овој стил е еден од главните трендови, а исто така е популарен во сите простории на еден дом.

Ако сакате да создадете нешто повеќе, креирајте егзотичен амбиент, на пример во  медитерански стил, кој е богат и полн со виталност и ние сме сигурни дека нема да ве разочара.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваIKEA – нова LUSTIGT колекција посветена на децата!
Следна објаваDon Gummer вајар и сопруг на Meryl Streep!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР