Грчкиот бог Дионис послужил како инспирација за новото возбудливо гастрономско искуство наречено Divine Proportions (Божествена пропорција) во WONDERLAND BAR, THE VAULTS, WATERLOO.

Дионис е бог на виното, плодноста, уживањето, вегетацијата и животот и токму затоа, оваа уникатна вечера во Лондон се вклопува во имиџот на оваа божественост.

Секако нема да ви биде понудено нектар и амброзија, туку вечера од пет специјалитети која вклучува забава, танчери и костимирани забавувачи.

Менито вклучува фокача од лиснато тесто со многу сос, потоа доаѓа лосос со гарнирано цвекло и боровинки со салата од морски алги, кисели краставички со коморач, амарант и печен сусам.

Потоа, доаѓа друго јадење кое се состои од морска храна од Гвинеја со житарици, сос од портокал и шафран, сервирано со карамелизиран компир, моркови со глазура од мед и зелка.

После тоа, на гостите ќе им се послужи лимончело желе, што е главната увертира за главниот десерт, кој се состои од карамелизирано чоколада со кокосово млеко, пире од малина и штангли од пистачио.

И покрај тоа што ова мени ветува многу, сите се многу возбудени заради личноста костимирана во богот Дионис и други митски суштества кои ќе го зголемат ова уникатно гастрономично искуство.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваŠKODA го претстави новиот концепт Vision RS
Следна објаваНајдобри идеи за декорирација на конзоли во есенски стил!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР