Дигиталните дизајнери неодамна докажаа дека не постојат доволно метафори за опишување на социјалните мрежи, а новата изложба на Ben Frenly ни носи опиплив и не толку апстрактен поглед на најпознатите социјални платформи.

Благодарение на креативниот дизајн на овој уметник, имаме можност да ги видиме Facebook, Twitter, Instagram и Snapchat од еден сосема поинаков агол како добро познати предмети: мегафон, чинија, апарат за уништување на хартија и панорамски двоглед.

Оваа низа на дела не ги опишува социјалните медиуми на филозофско ниво, туку буквално ги опишува начините на кои ги користиме секојдневно.

Facebook е претставен како панорамски двоглед кој го користиме за скролање низ дигиталниот пејзаж.

Twitter како мегафон, ни дава шанса да го изнесеме своето мислење гласно, а единствената мана е фактот дека се што е кажано се пренесува во бесконечниот куп на # хаштагови.

Instagram е прикажан како чинија со силни симболи кои ги означуваат следбениците и лајкови со слоганот “Insta-Feed Your Ego”, алудирајќи на нашиот гладен его и постојаната потреба за внимание.

Можеби најдобро искористената метафора е она што Snapchat апликацијата претставува, како апарат за уништување на хартија, укажувајќи на ефектот на  Snapchat содржината и самоуништување на пораките по одреден временски период.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајдобар дизајн на чадори за екстериери!
Следна објаваParfois ja претставува колекцијата “FAR & BEYOND”
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР