До сега ви презентиравме голем број на шишиња со скапи пијалаци, со навистина неверојатни цени …

Информацијата дека една чаша коњак чини 14.200 долари, сѐ уште ни е незамислива. Се разбира, ова е новиот светски рекорд.

Пред само неколку денови, во подрумот на куќата, Jean Fillioux, од страна на главниот мајстор Paskal Fillioux беше откриен 40 ml Rome de Bellegarde коњак.

Ова откритие доведе до славенички настан на кој присуствуваа многу познавачи и експерти од оваа индустрија, а наводно, таму биле и претставници на Гинисовата книга на рекорди.

Не интересираше кој ли ја платил оваа неверојатна сума за една чашка коњак?

Станува збор за Ranjeeta Dutt McGroarty Founder & Director, CEO, на Trinity Natural Gas компанијата, која го постави новиот рекорд за Гинис.

Основачот на Rome de Bellegarde, David Smeralda изјави “Многу сме возбудени што Rome de Bellegarde повторно е достапен, по 120 години. Од своето откритие во 2004 година, овој коњак беше наменет за уживање само на оние кои навистина го ценат совршенството “.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваBitisiani “Guaperia” нова кампања за лето 2018
Следна објаваSimone Porte Jacquemus-најсјајната звезда на модното небо
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР