46. МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ
Puccini & Rossini 23.5.2018 / 20.00

продолжува со Гала оперски концерт посветен на безвременските композитори Џакомо Пучини, по повод 160 години од неговото раѓање и Џоакино Росини, по повод 150 години од неговата смрт. На концертот ќе бидат изведени композиции од нивните ремек дела „Италијанка во Алжир”, „Пепелашка”, „Севилскиот берберин” од Росини, како и дела од оперите „Манон Леско”, „Тоска”, „Турандот” од Пучини. Диригенти на овој несекојдневен настан се: Рафаеле Масколо (Италија) и нашата Бисера Чадловска, додека како гостин – солист е сопранот од Русија, Елена Баканова, како и првенците од Македонската опера и балет.

Диригент: Рафаеле Масколо (Италија), Бисера Чадловска
Концерт мајстор: Верица Ламбевска
Хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска, Ѓурѓица Дашиќ

Солисти:
Елена Баканова – сопран (Русија)
Славица Петровска – Галиќ – сопран
Сандра Митровска – сопран
Наде Талевска – сопран
Ирена Кавкалевска – мецосопран
Никола Китановски – тенор
Дарко Нешовски – тенор
Горан Начевски – баритон

Настапуваат хорот и оркестарот на МОБ

ПУЧИНИ и РОСИНИ – гала оперски концерт по повод 160 годишнината од раѓањето на Џакомо Пучини, и на уште еден не помалку значаен јубилеј, 150 години од смртта на Росини. Овие два сосема различни композитори ќе ги споиме во една посебна гала вечер, на концерт, на кој ќе биде изведен еден мал дел од опусот на нивната волшебна музика. Диригент е Рафаеле Масколо од Р. Италија.

Програма:

Џ.Росини: Увертира од операта „Италијанка во Алжир“

Џ.Росини: Арија на Пепелашка од операта „Пепелашка“

Ирена Кавкалевска

Џ.Росини: Стабат Матер –“Inflammatus et accensus”

Славица Петровска – Галиќ

Џ.Росини: Арија на грофицата Фолевиле од операта „Патување во Рејмс“

Елена Баканова

Џ.Росини: Арија на Фигаро од операта  „Севилскиот бербер“

Горан Начевски

Џ.Росини: Арија на Семирамида од операта „Семирамида“

Наде Талевска – Спасовска

Џ.Росини: Дует на Изабела и Тадео од операта „Италијанка во Алжир“

Ирена Кавкалевска и Горан Начевски

ПАУЗА

 

Џ.Пучини: Интермецо од операта „Манон Леско“

Џ.Пучини: Арија на Манон Леско од операта „Манон Леско“

Сандра Митровска

Џ.Пучини: Арија на Каварадоси од операта „Тоска“

Никола Китановски

Џ.Пучини: Дует на Чо Чо Сан и Пинкертон од операта „Мадам Батерфлај“

Сандра Митровска, Дарко Нешовски

Џ.Пучини: Арија на Магда од операта „Ластовичка“

Елена Баканова

Џ.Пучини: Арија на Калаф од операта „Турандот“

Никола Китановски

Џ.Пучини: Дует на Манон и Ренато од операта „Манон Леско“

Сандра Митровска, Дарко Нешовски

Џ.Пучини: Арија на Скарпија од операта „Тоска“

Горан Начевски

Рафаеле Масколо, диригент (Италија)

Студирал музика на конзерваториумот “Џузепе Верди” во Милано, здобивајќи се со дипломи по диригирање, композиција и пијано. Исто така, се усовршувал за диригент и на Музичката академија во Пескара, под раководство на маестро Донато Ренцети, со кого го продлабочи оперскиот репертоар, станувајќи асистент на неколку продукции во големи меѓународни организации и институции. Во 2005 година, по успешното издание на операта „Севилскиот бербер“ од Росини, тој е назначен за гостин-диригент на “Државната опера и балет М. Глинка” од Челјабинск, реализирајќи бројни оперски продукции,  вклучувајќи ги оние на Чајковски, Римски -Корсаков и Глинка. Во 2009 година му е доверена истата позиција во “Државната опера и балет М. Глинка” во Магнитогорск, каде што, меѓу другите, ги изведува и “Кармен” “Риголето” и “Травијата”, како и бројни оперски гала концерти. Сцените на Московската опера “Геликон” , театарот “Пучини” од Торино, ” Државната опера и балет М. Глинка” во Магнитогорск, Театро Социале во Комо, Театро ал Вињ во Лоди и  многу други, како и „Филхармонискиот оркестар Артуро Тосканини“, “Регионален оркестар на Емилија Ромања”, “Филхармониски оркестар на Театро Реџио” во Торино, “Филхармониски оркестар на Мексико Сити”, “Симфонискиот оркестар на Италија “,” Бугарски симфониски оркестар “Софија,”Данскиот национален радио оркестар”, се само дел од неговите многубројни ангажмани. Оперскиот репертоар на г-динот Масколо вклучува над 600 наслови, почнувајќи од дела како “Орфеј” на Монтеверди или “Севилскиот бербер” на Росини, преку „Љубовната напивка” од Донизети и “Дон Пасквале”, “Травијата”, “Риголето” од Верди, „Рајнско злато“ од Вагнер или “Авентурите” на Лигети. Маестро Масколо е и редовен професор на познатиот конзерваториум за музика “Џузепе Верди” во Милано

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТехнологијата го нагласува новиот Volkswagen Touareg
Следна објаваНаправете домашен лек за коса од див костен!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР