Поставете го телескопот на терасата и уживајте во соѕвездијата …

Како што сонцето заоѓа на островот Providenciales, сопствениците на вилата Stargazer можат да се релаксираат на балконот и да уживаат во бескрајниот поглед кон морето и небото над нив. Сместена во заливот Tompson, оваа вила има шест спални соби и исто толку купатила, сместени во три одделни простори за живеење.

Главната вила располага со три спални соби со купатила и големи кревети, а две соби имаат свои балкони, додека гостинската колиба има две спални соби. Ложата покрај базенот има една соба и се нуди како дополнително сместување.

Со површина од околу 1.500 м2, оваа трикатна вила ги има сите стандардни островски удобности – директен пристап до плажа, инфинити базен, џакузи и сауна, како и уникатни детали кои ја одвојуваат од други слични домови во околината. Европскиот стил на декорација совршено е комбиниран со персиските теписи, кинеските детали, белите софи и плетените столици. Кујната е опремена со најсовремени апарати и бар за појадок, додека две одделни трпезарски маси обезбедуваат многу простор за сите други оброци.

Опции за забава постојат во ентериерот и во екстериерот. Отворениот план на просторот вклучува домашно кино, соба за игри, студио за танц и пилатес. Тука е и  тениското игралиште и патеките покрај дрвјата, кои водат до скриените места за седење и сончање покрај базенот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваHERMES торба од чисто сребро!
Следна објаваБела Хадид во кампањата “Take Pleasure Seriously”!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР