Се повеќе луѓе се соочуваат со проблемот на мал простор, во кои немаат доволно квадрати за да обезбедат одвоени простории за се …

Дополнително, модернoто време носи планови за отворени простори кои сега се на врвот на популарноста. Сопствениците го прифаќаат овој пристап, па сега можеме да видиме купатило во спална соба, домашна канцеларија во кујна и библиотека интегрирана во купатило.

Денес ќе разговараме за поставување на работен простор во амбиентот на дневната соба и создавање стилски изглед без целосно менување на постојниот дизајн.

Постојат неколку начини како да се интегрира домашна канцеларија во дневна соба – визуелна поделба на различни површини или нивна целосна интеграција. Мебелот може да биде потполно еднообразен или контрастен, за да служи како обележување на зоните.

Еве неколку примери кои можат да ви помогнат да разберете во кој дел од ентериерот на дневната соба, се наоѓа идеално место за сместување на вашиот работниот простор.

Зад софата
Празниот простор зад софата, често пати е неправедно игнориран и не е во употреба, но всушност е идеален за создавање канцеларијска ниша. Поставете работна маса зад софата и како што веќе посочивме, може да биде иста или поинаква во стилот во споредба со другите делови од дневната соба. Кожата е идеален материјал за визуелно раздвојување на површините. Од друга страна, ако сакате да создадете униформиран изглед, интегрирајте ја масата во постоечкиот простор и пронајдете столица која совршено се вклопува во неговиот дизајн.

Други добри места
Поставувањето на работната маса до прозорецот секогаш претставува совршена идеја или барем во еден агол сместена, во неговата близина. Овој пристап ќе ви даде идеална количина на светлина, а ако вашиот простор се наоѓа спроти задниот дел на каучот, тогаш дури и подобро.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХороскоп за ден 07.05.2018 година!
Следна објаваДраматични нијанси, енергија и разиграност за 2018!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР