За една од најубавите и најголеми вили на овој остров, можеме да кажеме дека е вистинскиот сон. Овој прекрасен и магичен имот наречен Стоук Хаус, се смета за најлуксузен недвижен имот на островот. Оваа вила во готски стил, била завршена во 1887 година, изградена од висококвалитетни материјали увезени од Англија и Шкотска.

Со површина од над 1.025 м2 оваа вила располага со дваесет и три соби од кои девет спални, шест купатила, единаесет камини, подрум, соба во кулата, електрични порти и гаража за три автомобили.

Како една од најголемите и најспектакуларните вили во Тасманија, овој дом има 4.400 м2 убаво средени градини. Покрај тоа, оваа резиденција се состои од голема дневна соба и кујна на приземје.

Овој неверојатен дом, исто така, може да се пофали со оригинални архитектонски детали, вклучувајќи ги и италијанските мозаични плочки, рачно изработениот камин, Waterford лустер, рачно изработено скали и многу повеќе.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХороскоп за ден 04.05.2018 година!
Следна објаваLily Aldridge во жешка кампања на BVLGARI!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР