Канадскиот актер, писател и продуцент Рајан Рејнолдс, е човек кои се наоѓа зад лудиот, харизматичен и смешен лик на Дедпул, а тој исто така, ужива и во добрите пијалоци …

Тој неодамна инвестираше во компанијата Aviation Gin, која го произведува најдобриот џин во светот, полнет во рачно изработени шишиња, во многу ограничени количини, а се наоѓа во Портланд, во американската држава Орегон.

Рајан Рејнолдс вели, дека го пробал секој џин што постои во светот и дека Aviation Gin  е дефинитивно најдобриот од сите нив. Со уникатна ботаничка мешавина која нуди префинет, по питок вкус од вообичаениот сув џин, оваа креација му дава деликатно, понежно искуство на секој уживател, пропратено со многу цитрус и цветни ноти.

Ако не сте знаеле и ако оваа идеја ви изгледа како уште еден хир на холивудската ѕвезда, треба да знаете, дека Рајан Рејнолдс е одговорен за голем број иконски медиумски потфати, заради што и оваа најнова негова креативност и инспирација, ќе биде идеална за оваа компанија.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТоп 3 #DivianArts инстаграм фотографии за оваа недела!
Следна објаваДебра Фолц претстави 4 нови колекции!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР