Сегашниот актуелен тренд е: реновирање на старите згради, пренамена во нови цели и повторно користење …

Таквите активности можат да заштедат многу пари и да внесат нов живот во средините кои се распаѓаат и се напуштени или едноставно, не им служат на првичната намена.

Ентериерот кој ви го презентиравме денес, некогаш бил користен за образовни цели и бил создаден на почетокот на минатиот век, а сега е реновиран и претворен во модерен дом од студиото Atelier Vens Vanbelle.

Ентериерот има контрастна палета на сирови необработени материјали кои се поставени во тактилен однос и шарен распоред, вклучувајќи ѕидови од тули, изложени челични греди, разни природни материјали со природна патина и дрво. Мебелот е модерен и едноставен, а во прилог на шарените детали е светло-жолтата софа, а можеме да забележиме и индустриски парчиња, како столиците и трпезариската маса.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПролет во сино со “Orsay”!
Следна објаваНарциси – пролет во домот!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР