Искуство на уметници и мајстори, чиста форма и светлина. Ова е MUN, нова колекција на бренд VG која заведува и воодушевува.

MUN е колекција на плафонски лампи, поединечни или во форма на лустери, кои целосно се рачно изработени во Италија, од страна на вешто обучени занаетчии посветени на совршенството.

Секој поединечен предмет е резултат на креативната постапка, хармонична алхемија помеѓу формите и супстанциите. Секое парче, е обликувано од страна на вештите занаетчии кои ракуваат со древни техники, како и класично дувано стакло, кое има дополнителна вредност на уникатност, каде прецизноста на обликот, брилијантноста и квалитетот на производството, го преобразуваат креативен чин во магични и шармантни светлосни ефекти.

Различни ефекти на сјајот, се персонализирани и понудени преку спектар на колористички тонови – боја на олово, камеј, аквамарин, розова кварц, ангора и балтик.

 

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваDiesel пролетна колекција 2018 за жени и мажи!
Следна објаваЛаванда е новата боја која е прифатлива за секој простор!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР