Познат по сликовитото и живописното пристаниште Портофино во Италија, е едно од најубавите села на светот, популарно место каде се кријат познати и славни личности, уметници и исклучително богати луѓе.

Секој што доаѓа тука се вљубува на прв поглед, а ако некогаш сте сонувале да се преселите тука засекогаш, ова би била шанса која се случува само еднаш во животот. Сега можете да купите еден од најубавите имоти во оваа област.

Со поглед на прекрасниот залив Портофино, оваа спектакуларна резиденција, неодамна беше ставена на продажба, иако официјалната цена се уште не е најавена.

Прекрасната вила е целосно реновирана, добивајќи го својот поранешен раскош и сјај и има луксузен простор за живеење од 750 m².
Во паркот од 1.800 квадратни метри, кој на оваа место му дава посебна убавина, со ретки медитерански есенции, се наоѓаат бројни дрвја и цветни тераси кои го претвораат овој имот во богата зелена оаза.

Внатрешноста на овој луксузен дом има голема дневна соба и трпезарија, прекрасна кујна, канцеларија, дел за послугата, три главни спални со купатило и гардероба, плус студио.

Исто така постои и прекрасен велнес центар со затворен базен и џакузи, убава релаксација и фитнес-центар, така што нема причина да ја напуштите оваа куќа, освен ако не одите во прекрасното разгледување на шармантното Портофино.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваVolkswagen Golf, Polo и Up! избрани за „Best Cars 2018“
Следна објаваПолскиот Краков под магла
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР