Малиот стан е можеби идеален за вашите потреби, но истовремено може да ви даде чувство на тескобност и простор без воздух.

Исто така, малиот стан многу лесно се полни со разни работи, посебно, ако имате милениче или живеете со уште некоја личност, што визуелно го намалува просторот.

Во продолжение ви нудиме неколку професионални совети кои ќе ви помогнат да изградите единствена  “палата” од својот мал стан, во кој ќе се чувствувате опуштено и задоволно.

Кренете го погледот
Ако височината на плафон тоа ви го дозволува, обидете се што повиоко да ги  поставите полиците, блиску до плафонот. Ова ситуација, сечиј поглед ќе го крене нагоре и ќе создаде илузијата на повисок ентериер. Ако сепак не сте во можност да поставите полици, обидете се да инсталирате ламба која дијагонално ќе го осветлува плафонот.

Завеса за спална соба
Ако немате одвоена спална соба и креветот ви се наоѓа во дневната, доволно е да закачите завеси или украсни покривки за креветот на ѕид, за да се одвои делот за спиење од просторијата во која го поминувате времето или во која ви седат гостите. За визуелно поголем изглед, одберете транспарентни завеси или покривки.

Оптичка илузија
За било кој простор да изгледа двојно поголем отколку што навистина е, користете ја моќта на огледалото и поставете го на еден крај од просторијата. Инстант промената е загарантирана.

Тепих
Поставете го тепихот под софата или кафе-масата, кој ќе одвои просторот од дневна соба од остатокот на станот. Исто така, на овој начин ќе внесете текстура во просторот и убав контраст спроти дрвените подови или ламинати.

Употребете полица за книги како преграда помеѓу собите
Функционално и естетски убаво – полица со книги, на идеален начин ќе ги раздвои двата дела од една просторијата и ќе го направи вашиот ентериер да изгледа софистицирано.

Боење на плафон
Ова е трик како високо поставените полици на ѕидот. Окречете го плафонот во некоја потемна боја по ваша желба или поставете украсен стиропор кој вниманието го насочува кон него. Визуелно поголем ентериер – гарантирано.

 Монохромска палета
Кога имате мал стан, тогаш помалку е повеќе. Придржувајте се до светлите и блиски нијанси кога станува збор за уредување и декорирање на ентериерот и автоматски ќе добиете убава лесна естетика.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПлетени торби-нов пролетен тренди шик на Zara!
Следна објаваПариски хроники на Hippy Garden!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР