По пријатно е невозможно. Меките столици во моментов се рангирани како број еден во декорирањето на домот.

Фотељите и столиците имаат централна улога во нашите станови и домови. Покрај тоа што треба да бидат удобни, тие треба мора да изгледаат и убаво. Во нашите домови доминира нов тренд, а станува збор за столици кои се украсени со овча кожа, кои ве покануваат да седнете и да се опуштише. Од природната нијанса на волната па се до сивкастите тонови, тие секако, се вистинската фокусна точка на секој простор.

До неодамна, нашите столчиња беа украсени со овчја кожа, која само ја префрлавме преку седиштето. Особено беше популарна за проѕирните столици, односно оние направени од акрилик. Сега руното е вметнато во столчето, и изгледа многу подобро и по софистицирано.

Модерното уредување на домот го следи трендот – помалку е повеќе. Овие специјални столчиња и фотељи од овчо крзно можат да послужат како атрактивен и привлечен објект кој му дава на домот посебна топлина. Најубавите ефекти се постигнуваат во комбинација со сé попопуларниот скандинавски стил на внатрешен дизајн.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТренд диета: Осумчасовна (16: 8) која дава извонредни резултати!
Следна објаваВистинска зимска магија во Токио
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР