Зимски венчавки – совршен избор за оние кои не сакаат долги редови во општините или црквите и кои не можат да ја издржат топлината за време на свадбата.

Во Русија, зимата е традиционално време за венчавки. Меѓутоа, во други земји, младенците почесто одлучуваат да стапат во брак во текот на пролетта и есента.

Ако планирате зимска свадба, постојат неколку предности и недостатоци. Еден од недостатоците на свадбата во текот на зимата е тоа што, белиот фустан едноставно може да биде “обединет” со белиот пејзаж.

Но, ако сакате да бидете кралица на главниот ден од вашиот живот, дизајнерите им нудат на зимски невести повеќе простор за импровизација со бојата на облеката. Можете да изберете фустан во боја шампањ, крем, розова, па дури и златно жолта или црвена. Исто така, постојат луксузни крзнени капути, ракавици над лактот, бели чизми за снег, декорирани со бројни камчиња кои се достапни само за невести во зимска сезона. Но, за жал, исто така ќе треба да жртвувате нешто: заборавете на деколте, отворени рамена, кратки ракави и тенки свилени чорапи.

Со еден збор, зимската свадба е идеална за двојки кои не можат да чекаат да ја озваничат нивната врска. Покрај тоа, има премногу аргументи “за” и премалку причини за одложување на овој долгоочекуван настан до летото!

Поради студеното зимско време, не треба да го откажете фотографирањето. Се разбира, во зима тоа е пократко и не потребно да се фотографирате во природа. Одете во ресторан со прекрасен ентериер или историски музеј, а можете да направите успешни снимки во градски парк или во стар замок, во двор или на лизгалиште.

И менито треба внимателно да се одбере. Во лето избираме лесни оброци, зеленчук, лесни меса, овошни колачи и шампањ. Во зима можете да изберете топло месо, колачи, палачинки, закуски и водка, што особено ќе одговара по општата забава и фотогарфирањето на свеж воздух. Покрај тоа, во зимо не треба да се грижите за ладен пијалок, за потење на вашата шминка, без разлика дали ќе се расипе тортата … Да, и огнометот е многу побезбеден во зима.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКако да се подобри изгледот на кујната!
Следна објаваНаправете сами: Мирисна свеќа од портокал!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР