Aкo имате најскапа куќа во најскапа населба, не ви треба ништо повеќе, за на сите да им дадете на знаете каков вид на статус уживате ..

Меѓутоа, ако сте спремни да потрошите малку повеќе пари, тогаш комплетирајте ја вашата колекција од најскапите предмети со најскапото ѕвоно во светот. Се прашувате што може едно sвоно да го направи најскапо? Дали е направено од злато, има ноќна визија, HD камери?

Па, за почеток, треба да знаете дека овој производ е создаден од компанијата Ring, која е добро позната во светот по своите видео ѕвона. Во голема мера, Ring производите го користат интернет и технологијата на паметнит телефони, давајќи ви можност да комуницирате со секој што ќе поsвони на вашата врата. Сепак, моделот за кој зборуваме денес, оди подалеку од овие вообичаени работи.

Ова sвоно е со ограничено издание, обложено е со 98 грама жолто злато, а потоа украсено со 2.000 сафири, кои тежат речиси 30 карати. Името на брендот е отпечатено со помош на 40 дијаманти. Овој дизајн е креиран во работилницата за фини работи Bijan.

Sвоното добива известувања од активно движење, HD видео и микрофон, како и од звучниците кои овозможуваат двонасочна комуникација. Инфра црвениот ноќен режим, значи дека лесно ќе видите кој е пред вратата, во било кое време во ноќта.

Создадени се само десет вакви ѕвона и можат да се купат во Selfridges Лондон, по цена од 100.000 долари. Приносите од нивната продажба се насочени кон хуманитарните организации кои се борат да ги намалат стапките на криминал и помагајќи им на поранешните криминалци да се вратат во општеството.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објава“Coco Prive”- рајот на земјата навистина постои!
Следна објаваПечени јаболки со брусници, ореви и цимет!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР