Почнувајќи од септември годинава, започна со работа првиот бизнис центар за
креативност и неформално образование – Creative Hub, кој се наоѓа во строгиот
центар на Град Скопје (веднаш до Универзална Сала).
Creative Hub (www.creativehub.mk), на своите посетители им овозможува модерен
co-working простор (направен по план на Гугл кампусот во Мадрид), луксузно
опремен за да ги задоволи и најпрефинетите бизнис потреби за работа или
организирање на настани, а истовремено нуди и програма за сертифицирање по
стандардите на Certiport, во која се вклучени повеќе Microsoft и Adobe компјутерски
курсеви, како и курсеви за основи на програмирањето и повеќе понапредни
вештини како оние за етичко хакирање, 3д графика, CSS3 и JavaScript.
“За само два месеци од постоењето го надминавме бројот од 100 членови кои се вклучени во нашите активности, што преставува јасна потврда на фактот дека на Скопје и Македонија и недостигаше еден ваков центар кој ќе го обедини целиот креативен и бизнис потенцијал. Продолжуваме силно во намерата да направиме бизнис-револуција и да ги создаваме идните лидери во нашата заедница!“ – велат Бојан Коскаров и Филип Манојловски, кои се дел од тимот што управува со центарот.
Во рамки на Creative Hub функционира и програма за изучување на повеќе странски
јазици и стручни курсеви наменети за подобрување на менаџерските вештини и
познавањето на финансиите (целата листа на курсеви и обуки може да се
погледне на овој ЛИНК), a како посебен дел од центарот се и стартап академијата,
која има за цел да им помогне на сите претприемачи и луѓе со бизнис-идеи како
нивните планови и модели практично да ги развијат, како и креативните
работилници, кои за прв пат во Скопје нудат можност за изучување на повеќе
различни креативни вештини.
“Creative Hub е отворен за сите бизнис-ентузијасти, млади претприемачи,
афирмирани бизнисмени, луѓе кои сакаат континуирано да се развиваат и
дообучуваат, за сите креативци и IT “нинџи“. Дојдете да се здружиме и заедно да ја
направиме промената“ – завршуваат во еден глас Коскаров и Манојловски
СПОДЕЛИ
Претходна објаваМозаик во кујната е суптилен и богат декор во секоја смисла!
Следна објава10 најатрактивни ламби и лустери!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР