Овој викенд Јавна соба слави 2 години од своето постоење и по тој повод на 27. и 28. октомври приредува голема, дво-дневна културна прослава за сите жители на Скопје. Главниот подарок од Јавна соба за граѓаните е изложбата „Тито во Африка – слики на солидарноста” која доаѓа од Музејот на Југославија во Белград и чие отворање е закажано во петок во 20:00ч.

Вториот дел од роденденската прослава, забавата на 3 ката е во сабота, 28.октомври од 22:00ч. Гостува дј Грамофонџије од Белград, а на останатите стејџови настапуваат Кирил Кузманов џез ансамбл, дј Алек Солтиров и дј Давор Палиќ.

Овој викенд сите генерации, помлади и постари, ќе можат да се присетат како некогаш се живееше во земја со дигнитет, љубов, рамноправност, слога и солидарност, како е да бидеш дел од една високо респектирана  заедница во меѓународни рамки, како беше да бидеш Југословен! Фотографиите побудуваат емоции, нѐ враќаат во едно убаво време и поттикнуваат и денес да се бориме за едно такво убаво и стабилно општество. Скопје како град на солидарноста, целосно заслужува да биде прв домаќин на патувањето на оваа голема изложба во бившо-југословенските градови.

 

 

Многу млади, но и повозрасни луѓе веќе ја чувствуваат Јавна соба за свој втор дом, некои препознаваат урбан топоним кој со гордост го претставуваат на странски посетители, а и сите ние сме сведоци на голем број на иновативни настани во кои уживаме затоа што секој пат кога го поминуваме времето во Јавна соба сме побогати со знаење, нови искуства и познанства.

Да научиме повеќе, да наздравиме заедно и да се стремиме кон уште поголеми успеси во годините кои следат! Влезот за настаните е слободен и двата дена.

www.publicroom.org

https://www.facebook.com/publicroomskopje/

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСекси колекција од Women’ secret за Halloween
Следна објаваИнтересна есенска декорација во домот!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР