1.1

Она што Ботичели го прави на платно, истото го прави Дунант на хартија… Маестрална креација на живи и убедливо веројатни анимации на ренесансната Фиренца: богата текстура управувана со доза на трилер, беспрекорен артистички инстинкт кој се одликува со беда и бруталност врз доверба и виталност, придружена со политичко маневрирање низ длабоко истражување на прецизно и концизно определениот чин на договорен брак, како и бунтот на младите и паметни жени чија цел е избегнување на паренталистичкиот модел на живот.

Многу доцна ми кажаа дека Вие секогаш знаете кои луѓе ќе направат разлика во Вашиот живот – од првиот момент кога ќе погледнете некого, дури и ако тоа не им се допаѓа на сите. Јас него го забележав, исто како тој мене. Бог нека ни е напомош.

Алесандра Чечи не достигнува до 15 години кога нејзиниот татко, просперитетен трговец со ткаенини, носи релативно надежен млад сликар како сувенир од северна Европа за да ги украси безживотните ѕидови во Капелата на Фиренца, имено, семејна сопственост. Младиот сликар е жив монумент на раната ренесанса – со предвремен ум и неверојатен талент за цртање, доволно привлечен за Алесандра, да се опие од неговите способности во инстант. Но подемот на нивната врска инстинквивно се прекинува кога нејзините родители, по сугестија на нејзиниот постар брат, земаат за право да и го организираат животот, првично брачно врзувајќи ја за значително постар човек. Иако нејзината мајка секогаш стоеше на ставот дека сопругата треба да му биде адекватна на сопругот во поглед на образованието, возраста и ориентацијата, таа воопшто не се спротиставува на бракот во кој Алесандра треба да зачекори заедно со 48 годишен благородник. Во меѓувреме, Фиренца претрпува промени, се повеќе е подложна на поголемо сузбивање на системот наметнати од страна на фундаменталистичкиот свештеник Савонарола, кој цели кон освојување на власта преку верска контрола. Алесандра заедно со родната Фиренца се заглавени во подемот на распаѓањето на државата на Медичи, со афекцијата кон луксуз, образование, блескава уметност; но и бескруполозна проповед и зголемена виоленција од страна на свештениковите следбеници. Иако нејзиниот брачен живот повеќе се темели на отпор против настанатото опкружување, нејзината беда во домот и пружа изненадувачка слобода за нејзината вистинска љубов и контроверзна афекција кон сликарот и уметноста продолжи да се развива.

„Ѓаволот може ќе ти донесе невнимателност, но добрите дефинитивно ќе умрат од здодевност. Здодевност и фрустрација.“

Првиот историски роман чија основа е литературната неизвесност во најдраматичниот период во Италија; Фиренца во својот оригинален оган на суетите, компулсивно ја апсорбира уметноста, религијата, моќта и љубовта првенствено преку страста на младата Италијанка – перфекционизирано четиво каде авторот пишува како сликар, а размислува како филозоф… доволно добро за да Ве предизвика да ја доживеете како историски, така уметнички.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСупер фото-сесија во вистинска Дизни библиотека – Admont Abbey
Следна објаваНедела на францускиот филм во Скопје
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ