Неделата на францускиот филм, насловена како „Актуелните настани во фокусот на францускиот филм“ ќе почне на 11 февруари 20 часот, во киното „Милениум“ со филмот „Далеку од луѓето“.

Последното остварување на Давид Оелхофен од 2015 година, од филмската критика е оценето како „напната вестерн-драма, која ни ја доближува хуманоста преку маестралната игра на Виго Мортенсен и Реда Катеб“ (Пари Мач), филм кој „поттикнува на размисла и дискусија и бара активирање на интелигенцијата кај гледачот“ (Ле Новел Обсерватер), „екранизацијата на новела од Ками, со извонредниот спој на режија, фотографија и врвна игра на актерското дуо, е приказна за војната, предавството и храброста“ (Паризјен).

Неделата на францускиот филм продолжува во киното „Фросина“ со проекција на филмот добитник на Гран При за најдобар филм на Канскиот филмски фестивал 2010 година, „За луѓето и боговите“, на Гзавие Бовоа (2010), со Ламбер Вилсон, Мајкл Лонсдал, Оливие Рабурди, в четврток 12 февруари во 20 часот.

Две проекции ќе има в петок на 13 февруари 2015. Првата е во 20 часот, на филмот со десет номинации за Цезар 2009 и најдобриот француски филм според меѓународните медиуми и француската публика за 2009 година, „Добредојде“, на Филип Лиоре (2009), со Венсан Лендон, Фират Ајверди, Одре Дана, и втората проекција е во 22 часот, на најдобрата комедија за 2012 година според француската публика, „Искрени пријателства“ на Стефан Аршинар (2012), со Жерар Ланвен и Жан-Иг Англад.

Билетите за отворањето се бесплатни и резервации на истите се вршат телефонски во Францускиот институт во Скопје на 02 3118 503 и/или 02 3116 734. За останатите проекции билети се набавуваат на касата на Младинскиот културен центар.

Филмовите се со превод на македонски јазик.

Неделата на францускиот филм ја организираат Францускиот институт во Скопје и Младинскиот културен центар.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРаѓањето на Венера – Сара Дунант
Следна објаваRed Valentino | Повеќеслојни спомени
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ