Познатиот рапер се откажа од своjата вила во Рочестер Хилс …
Еминем тукушто ја стави на продажба својата вила со шест спални соби и девет купатила во државата Мичиген, со цена од само 2 милиони долари, но чудно е тоа, што тој ја купил за повеќе од дупло од оваа цена, пред четиринаесет години.
Со површина од околу 1.700 м2, оваа вила е поставена на околу шест хектари во Рочестер Хилс. Изградена е во 1986 година, а секоја спална соба може да се нарече апартман, бидејќи има сопствено купатило и голем гардеробер.
Кога е изградена, на неа дефинитивно не се штедело – идеална е за забава, има тениско игралиште, водопаден базен и дел за спа, забавен дом и гостинска куќа со игротека. Еден од навистина уникатните детали на оваа вила е “чуварска куќа”, во која е сместено обезбедувањето.