Додека сонувате за некоја ваша куќа од соништата, ние ви презентираме имот во Беверли Хилс, кој е ставен за продажба и чини неверојатни 85 милиони $.

На само неколку минути одалеченсот од легендарниот Родео драјв, се наоѓа рајот за сите оние кои ги сакаат коњите и коњичките спортови. Овој прекрасен имот нуди дури 11 спални соби и 17 бањи, а има неколку километри долги патеки на кои може да се јава на коњите. Исто така, на имотот се наоѓаат и 5 луксузни штали за коњи и два коњичка ринга.

Главната куќа има фантастично уреден простор, во кој идните домаќини можат да уживаат и да ги нагостат многубројнит пријатели. До куќата се наоѓа тениско игралиште со мал простор за седење, убаво средени тревници како на Вимблдон, како и многу други одлични содржини.

Во случај да имате повеќе пријатели или членови на семејството, не грижете се, бидејќи куќата е во марокански стил и е наменета за гости, доволно широка за да ги прими и ненајавените посетители. Мароканските плочки, рачно резбаната дрвена врата, ткаените килими и таваните, ја прикажуваат магичната мешавина на рустичниот и модерниот концепт.

Бидејќи на овој имот некогаш живеела и музичка ѕвезда Шер, без оглед на високата цена, се верува дека заради убавината, овој имот набрзо ќе биде продаден.

$85 miliona za kuću u kojoj je živela Šer$85 miliona za kuću u kojoj je živela Šer$85 miliona za kuću u kojoj je živela Šer$85 miliona za kuću u kojoj je živela Šer$85 miliona za kuću u kojoj je živela Šer$85 miliona za kuću u kojoj je živela Šer

СПОДЕЛИ
Претходна објаваPagani Zonda Fantasma EVO – супер автомобил!
Следна објаваДекоративен сет за ручек “Tomato”!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР