Архитектот Сергеј Mакно сакаше единствен и посебен простор, а бидејќи е импресиониран од јапонската култура уште од детството, оваа земја го инспирираше да создаде прекрасен дом за своите најблиски и себе.  На ум имаше удобен и релаксирачки ентериер со природни тонови, така што сите, кога ќе влезат во овој стан, чувствуваат една медитативна атмосфера.

Japanski minimalizam kao inspiracija

Мораме да признаеме дека тој успеал во се што наумил. Земјаните топли тонови во комбинација со моќните растенија, создаваат еден безвременски дизајн.

Во ентериерот доминираат четири елементи – ѕидовите од глина за земјаниот, изгорените уметнички дела за огнот, сликата за водениот и отворениот простор за воздушниот елемент. На овој начин, архитектот се обидел да се постигне рамнотежа во внатрешноста.

Ѕидовите се покриени со природна глина, која е нанесена со посебна стара техника која некогаш била користена во украинскиот домови.

Терасата е исто така, декорирана во минималистички стил, потсетува на јапонските градини. Од тука домаќините можат да уживаат во погледот на светлатата на градот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОдмор од соништата – Prestige Ocean Villa во Шри Ланка!
Следна објаваНамриници кое ќе ве разладат како сладолед!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР