За Фонтанатa Треви во Рим, сите сте слушнале, за познатата Bellagio фонтана во Лас Вегас знаете од  филмот Ocean’s Eleven. Иако не постои сомнеж дека тие се спектакуларни, ние денес ви претставуваме уште 10 спектакуларни и најнеобични фонтани во светот.

1. Валенсија Шпанија

Water Boat Fountain cе наоѓа на плажата Malvarrosa во Валенсија, дава илузија на едрилица со воден млаз.

2.  Сандерленд, Велика Британија

Вител фонтаната „Charybdis“ е создадена од страна на скулпторот  William Pye во 2000 година за луксузниот хотел Seaham. Харибда е името на сирената, која се споменува во Одисеја на Хомер, која беше погодена од громот на Зевс и претворена во вител.

 3. Кадиз Шпанија
„Magic Tap“ личи на чешма што лебди, но кога ќе се доближите, ќе забележите цевка скриена во водата, која всушност ја држи целата структура.

 4. Oсака Јапонија
Osaka Station Fountain- Clock е атракција на зградата наречена Јужна порта и се состои од голема правоаголна водена фонтана, која прикажува дигитален часовник и лизгање на цветни мотиви, кои навидум паѓаат во урнатиот ѕид.

5. Тексас, САД

Бронзената скулптура ” The Mustangs of Las Colinas” го краси плоштадот Williams Square во Тексас. Коњите кои претставуваат погон, иницијатива и непречен животен стил, беа инсталирани во 1984 година.

6. Сеул , Јужна Кореја

Фонтаната Rainbow е најдолга фонтана во светот и постави Гинисов рекорд со речиси 10.000 LED млазници, кои се протегаат од двете страни на мостот долг 1, 140 метри. Водата која се зема од реката, постојано  се рециклира.

7. Ватенс, Австрија

Музејот е формиран во 1995 година во чест на стогодишнинта на австриската компанија Swarovski, на влезот е поставена глава покриена со трева, а од устата излегува силен млаз на вода.

8. Дубаи, Обединетеи Арапски Емирати

Оваа неверојатна 24-метарска фонтана со скулптури на нуркачи, минува низ сите четири нивоа на трговскиот центар.

9. Шарлот САД

Фонтаната „Metalmorphosis“ е дело на чешкиот скулптор Давид Черни, висока е 7, 6 метри и тежи 14 тони.

10. Осака Јапонија

Девет лебдечки фонтани, пред 40 години беа изградени од страна на архитектот Isamu Noguchi.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваSkycastle – модерен замок во Лос Анџелес!
Следна објаваРаботилница за мебел и декоративно осветлување во Јавна Соба
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР