Villa Giulia е името на оваа прекрасна куќа изградена во ренесансен стил, која остава романтичен и драматичен впечаток. Сместена е на југот на Италија, на самиот брег на гратчето Соренто. Италијанскиот гламур и едноставна елеганција се присутни во секој нејзин дел. Има шест спални соби и вкупно четири спрата. Во раскошниот ентериер меѓу другото се вбројуваат и фрески и скулптури од историјата, како и вредни уметнички слики.

Надвор од куќата има пространа ботаничка градина со повеќе од 700 видови билки и растенија. Не можеме да не го споменеме и базенот со спектакуларен поглед на море, како и терасата која е совршено место за уживање во зајдисонцето. Покрај ова, во близина има приватна плажа до која се стигнува по скали. Villa Giulia е со сигурност место во кое ќе се чувствувате како да сте во некој италијански филм.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваKristen Stewart e новата sвезда во кампањата на Chanel!
Следна објаваДевет часовен целодневен џез хепенинг под отворено небо.
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР