Компанијата Echo Yachts од Австралија соработуваше со дизајнерот Сем Сорџовани и неговото студио, како и со наутчкиот архитект од One2Three, за да ја дизајнираат и развијат новата радикална тримаран супер јахта, која со сигурност ќе усреќи некои луѓе…

Со футуристички изглед, овој воодушевувачки коцепт на јахта со должина од 120 метри, нуди простран и прекрасен ентериер, со разнолични интересни детали. Echo Yachts се погрижија да на овој неверојатен пакет, ништо не му фали, а некои од погодностите кои оваа јахта ги нуди се “touch and go”хелиодром, како додатен хелиодром на нејзината палуба за сончање.

Predivna Trimaran superjahtaPredivna Trimaran superjahtaPredivna Trimaran superjahtaPredivna Trimaran superjahtaВо трпезарискиот простор на отворено има доволно место за 36 лица, како и приватна отворена тераса за сопственикот со базен. Стабилизаторите на оваа јахта ќе се погрижат секое крстарење да помине мирно, без разлика на надворешните прилики, додека хибридниот систем на пропулзија ќе ја достигне максималната брзина од 20 чворови, со распон од 5.000 nm.

Predivna Trimaran superjahta

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСовршен мебел за вашиот двор!
Следна објаваВелигденска декорација во домот!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР