Американската глумица Gwyneth Paltrow, го продава својот стан во Њујорк за 10 милиони долари. И заради таа причина можеме да го видиме станот, кој некогаш го делеше со поранешниот сопруг Chris Martin.
Овој трособен стан гледа на целиот луксузен кварт, а во eнтериерот владеат деликатни бели нијанси со пастелни и метални нијанси. Прозрачноста на просторот апсолутно воодешевува на прв поглед, а посебно одушевува големата галерија низ која се влегува во станот, како и дневната соба која ја обележува француската врата и прекрасните винтиџ прозори.