Бајковитата куќа која била инспирација за голем дел од приказните и песните за детската книга „Вини Пу“ од неодамна беше ставена на продажба. Авторот А.А. Милн ја купил оваа куќа во 1924 за него, неговата жена Дороти и нивниот син Кристофер Робин. Токму на ова место Милн започнал да ги осмислува ликовите и приказните за мечето Вини Пу и неговото другарче Кристофер Робин, крстено по неговиот син.

Cotchford Farm се наоѓа во местото Ashdown Forest во Источен Сасекс. Сите места од книгата се базираат на вистински локални места од овој предел.

Куќата датира од 16 век и има три спрата. Оттогаш е реновирана и обновена, но не изгубила многу од оригиналниот шарм. Внатрешноста изобилува со изложени греди од дабово дрво и ентериер типичен за тој период. Надвор има базен, како и голема градина со јаболкници и летна кујничка. Цената изнесува 2,387,804 долари. Погледнете како изгледа во продолжение.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКолачи инспирирани од уличните уметници!
Следна објаваСтанот на Gwyneth Paltrow во Њујорк вреден 10 милиони долари!
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР