Поетите и уметниците ширум светот моментално организираат настани за да се промовира промената во животната средина, социјалната состојба и политиката – и не само тие – писателите, хуманитарците, креативците создаваат, изведуваат, едуцираат и демонстрираат во своите лични средини и одлучуваат своја специфична цел за промена. Сето ова видено во пракса вечерва повторно се случува во Скопје: „100 Илјади поети за промена“ во МКЦ во 20:00 часот, ќе се реализира промоција на зборникот „100 Илјади поети за промена“ и поетско читање на дел од застапените поети кои учествуваа на шестото издание на манифестацијата „100 Илјади поети за промена“ во Македонија. Дизајнот на овогодинешниот постер го дизајнираше Зоран Кардула.

Од околу 220 автори кои се вклучија на конкурсот, во зборникот по претходна селекција се застапени 60 автори, меѓу кои Звонко Танески, Марина Мијаковска, Стефан Марковски, Михајло Свидерски, Драгана Евтимова, Исток Улчар, Моника Стојановска, Гаврило Миловановиќ, Биљана Стојановска, Стефанов Стевчо, Славица П. Диневска, Мартин Богатиноски, Славица Гаџова Свидерска, Д.А. Лори, Јовица Ивановски, Горана Митровиќ, Тихомир Јанчовски, Николина Андова Шопова, Ѓоко Здравески, Ана Голејшка, Иван Шопов, Викторија Мирческа, Андреј Ал-Асади, Мануела Златкова…

Темите кои се најчеста инспирација за авторите и поетите кои се дел од ова движење обработуваат проблеми поврзани со општествениот и социјалниот живот, мирот, заштитата на природната околина, заштитата на планетата Земја. Проблеми поврзани со глобалното затоплување, со ранливите општествени групи. Преку овие читање ќе се согледа дали поезијата е доволно моќна да иницира позитивни промени, промени во начинот на размислување, во односите меѓу луѓето. Ќе се види дали може да се промени гледиштето на светот со зборови, мисли, поезија; размислувања и разговори со самите себе; внатрешни промени наспроти големата слика.

Да проговориме јавно за сите оние промени кои сакаме да ги видиме, а се однесуваат како на оние материјални аспекти, така и на оние духовни аспекти, за тоа дека не сакаме да има повеќе војни, геноцид, сакаме да има толеранција, разбирање, прифаќање на различностите и всушност ширење на онаа генерална, основна порака на луѓето, т.е. повеќе љубов, повеќе разбирање и прифаќање на луѓето такви какви што се.

Ова е втор пат манифестацијата „100 Илјади поети за промена“ да се реализира во Скопје, со помош на остварената соработка меѓу Младинскиот Културен Центар (МКЦ) и Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“. Бидете дел од новата традиција – повелете на поетско читање и промоција на зборникот од шестото издание на „100 Илјади поети за промена“.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВо светот на убавицата и sверот!
Следна објаваПознатите тренерки Juicy Couture повторно се враќаат!
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР