Денот на вљубените е годишна прослава која се одржува на 14 февруари со славење на љубовта и приврзаноста помеѓу интимните партнери. Денот е именуван според еден ранохристијански маченик наречен Валентин.

Денот прво се поврзувал со романтична љубов во кругот на Геофри Чосер во Средниот век, кога традицијата бурно растела со искрена љубов.

Храната која инаку се врзува за Валентиново или Денот на вљубените, вклучува различни зачински растенија, како што се босилек, лаванада и рузмарин.

Босилекот е традиционален симбол на плодноста и жените го носеле како би покажале дека се слободни. Мирисот на лавандата е афродизијак, а рузмаринот со векови е сембол на љубовта и некогаш бил составен дел на свабените букети.

 

Чоколадото е најпопуларна и најнова храна на листата, која се јаде на Валентиново – таа стана вообичаен подарок, дури во викторијанското доба. Заради Валентиново, Richard Cadbury во средината на XIX век, ги смислил кутиите во облик на срце во кои традиционално, се пакуваат чоколадите за Денот на вљубeните.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваГолемо враќање на американскиот бренд “GAP”
Следна објаваAirselfie – мала летечка камера контролирана преку smartphon!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР