Пред да помислите дека станува збор за уште едно од мноштвото луксузни скијачки одморалишта на Алпите, ве информираме дека ресортот кој ви го претставуваме во продолжение е архитектонска атракција во Босна и Херцеговина. Прекрасниот хотел ,,Pino Nature’’ се наоѓа во близина на Сараево, на само десетина минути возење од градот, а извишен на идеална надморска височина од 1070 метри. За неговата импресивна градба и внимателно осмислен дизајн е заслужно студиото ZEC, а за само една година хотелот прерасна во омилена адреса на бројни познати личности и туристи од целиот свет. Се простира на површина од близу 3000 метри квадратни и располага со 22 соби, два апартмани, велнес центар, детска игротека, конференциска сала, ресторан, камин-бар со галерија, како и кровна тераса со фантастични глетки на околните пејзажи. Со други зборови, има се’ што ви е потребно за еден безгрижен хедонистички одмор во природа, без оглед на годишното доба и временските услови. Уживајте во фотографиите и препуштете се на зимската мечта!