Истражувањата велат дека до 2050, во водните површини ќе има повеќе пластика отколку риби. Воден од силни мотиви, канаѓанецот Бенџамин вон Вонг ја користи фотографската уметност со јасна цел: да се заштити околината. Креативецот успеал да направи фотосесија на сирени во море од 10.000 пластични шишиња. Поентата на оваа моќна кампања е луѓето да станат свесни за негативното влијание на пластиката и за тоа како беспотребно ја уништуваме морската флора и фауна. Бенџамин, родум од Квебек, Канада, се надева дека сирените ќе им помогнат на луѓето да ги сфатат размерите на овој огромен проблем и дека продолжувајќи го неговиот пример, ќе се залагаат за почиста животна средина.
Талентираното момче вели „Не сакав да рекламирам брендови и не сакав шишињата да бидат лепливи за да не го извалкам просторот кој добри луѓе во Австралија ми го позајмија со цел да се реалзира оваа фотосесија.“
Неговата онлајн петиција веќе има повеќе од 9000 поддржувачи.
Тој се надева дека покажувајќи “колку сирените мразат пластика“ светот ќе се освести да ги спаси своите океани.