Честитајќи Ви ги претстојните празници, чест ни е да Ве известиме дека Македонската опера и балет ја продолжува традицијата со концертот по повод празникот „Василица“.

РИТАМОТ НА ТРАДИЦИЈАТА ЗА ВАСИЛИЦА ВО МОБ

Македонска опера и балет, традиционално и оваа година го организира концертот Василица, настан кој е еден од најпопуларните меѓу публиката.

На 12ти јануари, со почетокот во 20 часот, на сцената на Македонска опера и балет, ќе биде изведен традиционалниот Василичарски концерт. Како и сите години наназад, и оваа година, концертот има своја тематика. МОБ оваа година ги слави заборавените традионални македонски песни, а воедно ќе бидат изведени и најпопуларните македонски традиционални песни. Покрај оркестарот на МОБ, на сцената вокално ќе настапи Андријана Јаневска, а дирегент е Бисера Чадловска.

За композициите кои ќе бидат изведени на овој концерт, композиторот Илија Пејовски изработи нови аранжмани, режисер на концертот е Љупка Јакимовска.

Билети се во продажба на билетарницата на МОБ, како и онлајн на веб страната на МОБ mob.mk. Новина поврзана со билетите е можноста да се купат и во ЈУГОТОН ГТЦ 1-кат, преку системот karti.com.mk, се со цел, билетите за МОБ да бидат подостапни до љубителите на уметноста

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЖивотот пред брак и по брак
Следна објаваШто има оваа седмица во Public Room?!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ