Менаџерите и креативците на агенциите од Нордискиот регион кои се дел од I&F McCann Група во чии рамки работи и Меккен Скопје,го посетија седиштето на компанијата во Белград и разговараа за понатамошните планови за развој, заедничките проекти и разменуваа искуства.

20161130120039

Основачот на компанијата, Срѓан Шапер вели дека ова е првата посета од кога I&F McCann Група ги презема агенциите во Норвешка, Шведска, Данска и Финска.

‘Со овој состанок Белград стана важна точка на европската креативна мапа.  На нас еда го искористиме големиот потенцијал за нашите земји, за индустријата која ја претставуваме, за сите вработени, и секако, за нашите деловни партнери. Синергијата на северот и југот ќе и додаде дополнителен квалитет на  I&F McCann Група која работи речиси 20 години.‘‘, рече Шапер.

Првиот човек на една од водечките дизајнерски компании Scandinavian Design Group  која работи во рамките на I&F McCann Група, Ханс Мартин Мегард, изјави: ‘‘Срѓан Шапер со својот тим изгради силен систем во Југоисточна Европа. Тоа за нас е инспирација и цел истото да го направиме и со агенциите во Нордискиот регион и со тоа заедно да станеме уште поуспешни во светски рамки.‘‘

Влатко Димовски, оперативен директор во I&F McCann Група одговорен за Адриатик регионот, рече:

‘‘Синергијата на македонската темпераментност и скандинавската свежина ни отвора нови креативни хоризонти кои нашиот тим во Скопје максимално ќе умее да ги искористи. Европската експертиза на новите колеги од северот дополнително го зајакнува нашето локално знаење што ни овозможува да ја дадеме најдобрата услуга, најрелевантиот креативен производ и да бидеме секогаш чекор пред другите.‘‘

I&F McCann Група работи речиси 20 години на 12 пазари во Југоисточна и северна Европасо 58 милиони жители и вработува повеќе од 600 талентирани професионалци.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПеперутка-машни какви до сега немаме видено!
Следна објаваСтара фабрика редизајнирана во прекрасен модерен стан!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ