Модниот бренд The Atelier YUL, дизајнираше повеќе минималистички торби за архитекти во кои можат сигурно да ги транспортираат своите трудови и модели. Основачот на The Atelier YUL е архитектката Cece de la Montagne, која била мотивирана да создаде серија на торби, по обидот на “фунционалната и елегантна” торба за транспорт, на своите цртежи и модели. 
Серијата се состои од 4 торби, секоја рачно изработена од кожа. De la Montagne вклучила и бројни референци при дизајнирање на колекцијата, вклучувајќи модернистичка форма, стил кој можеме да го најдеме во јапонските соби за чај и римскиот архитектонски принцип на сила, функција и убавина.
Со минимално дизјнерско изразување – така е креирана големата рамна Folio торба со нараменици, која нуди доволно простор за архитектите кои носат големи цртежи, додека Tubа торбата е дизајнирана за носење на завиткани во ролна планови и постери.
Sacoche торбата, има рамно дно за носење на архитектонски модели, а Envelope е едноставна торба на преклоп за тие кои патуваат со помали документи и предмети.











![Слабото здравје и намалена физичка активност на вработените како директен удар врз профитабилноста на компанијата [+ гратис стратешки водич за зголемување на продуктивноста]](https://www.divianarts.com/wp-content/uploads/2024/03/Насловна-слика-218x150.png)









